Loading Video...
Спорт плус
6. October 2019 - 15:14

Осма титула за Марк Маркез

Шпанецот, Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП класата, со денешната победа на патеката во Тајланд.
 
На денешната трка која се возеше за Големата награда на Тајланд, Маркез во неизвесен финиш и тоа на последната кривина пред целната рамнина успеа да го мине Французинот, Квартараро
 
Со деветта победа сезонава и вкупно 79-та во кариерата Маркез ја осигура новата вкупно осмата шампионска титула, а шеста во најсилната класа. 
 
Шпанецот кој со 26 години стана најмладиот мотоциклист во осум титули сега го дели само уште една во „кралската“ класа да го достигне успехот на легендарниот „доктор“ Валентино Роси.