Кошарка
15. December 2017 - 9:32

Осма победа во низа на Голден Стејт

Шампионот Голден Стејт ја продолжија серијата победи откако ноќеска пред своите гледачи го совладаа Далас со 112:97.
За „Воините“ за кои ова беше осма победа во низа, Кевин Дјурант оствари дабл-дабл учинок со 36 поени и 11 скокови.
 
 
 
Триумф ноќеска оствари и Кливленд, кој со 121:112 славеше над Лос Анџелес Лејкерс. „Трипл-дабл“ постигна Леброн Џејмс со 25 поени, 12 скока и 12 асистенции.