Живот
20. јуни 2017 - 17:42

Ослободете се засекогаш од смрдливите стапала - натопете ги во оваа течност 20 минути!

Луѓето кои работат од 8 до 10 часови во текот на денот во исти обувки се соочуваат со овој проблем, кој во суштина е нормална појава.
 
Сепак, проблемот со непријатниот мирис кај стапалата може да се гледа од неколку аспекти. Покрај многучасовната “зарбеност” на стапалата поради работните обврски, многу луѓе имаат проблем и со прекумерно потење!
 
Па така, кај оваа група на луѓе, многу полесно се размножуваат бактериите на стапалата и се шири непријатен мирис. 
 
Третата група, која е во минимален број припаѓа на оние кои едноставно ја занемаруваат личната хигиена, односно, неколку дена по ред не ги менуваат чорапите и не одржуваат редовна хигиена на долните екстремитети.
 
Во секој случај, ова подолу можеби е генијалното решение! Постапка која изгледа несекојдневна и необична, но навистина помага. Многумина кои ја пробале се воодушевени од ефикасноста.
 
Потребни состојки:
 
4 шолји топла вода
 
5 вреќички црн чај
 
Голем лавор (сад) за потопување на нозете
 
Постапка:
 
Наполнете го лаворот со топла вода и ставете ги вреќичките со чај внатре. Оставете така да стојат околу 20 минути. Ставете ги нозете внатре во водата и држете ги така половина час. Постапката повторувајте ја секојдневно во траење од намалку 10 дена.
 
Друг ефикасен начин за справување со овој проблем е содата бикарбона. 
Нанесувајте сода секојдневно на стапалата, пред да ги облечете чорапите и чевлите, во траење од 2 до 3 недели. 
 
Миризбата моментално ќе се неутрализира, а содата ќе влијае и на спречување на создавање бактерии кои ги поттикнуваат потните жлезди.