Свет
24. October 2016 - 14:34

Ослободените заложници на сомалиските прирати јаделе стаорци за да прежвеат

Група морнари кои безмалку пет години беа задржани како заложници на сомалиските пирати, за да преживеат морале да јадат и стаорци, јави Би-Би-Си повикувајќи се на изјавата на еден од преживеаните.

Филипинскиот морнар Арнел Балберо рекол дека пиратите биле толку сурови и брутални кон групата што ја киднапирале, што не им давале ниту доволно вода за пиење, а за храна ги терале да јадат се што ќе се најде во шумите.

Тој рекол дека пред крајот на заточеништвото биле толку истоштени и изгладнети, што повеќе наликувале на „живи мртовци“ отколку на луге.

Во 2012 година, 26 морнари од еден трговски брод, беа киднапирани од сомалиските пирати, јужно од Сејшелските Острови и подоцна одведени во Сомалија.

Во саботата беа ослободени 23 од морнарите откако за нив беше платена откуп.

Еден од грабнатите загинал при киднапирањето, додека двајца други починале во заробеништво од истоштеност и болест.

- Ни даваа многу малку вода, а  за храна моравме и стаорци да јадеме. Единствено што пред тоа ги варевме. Кога сте гладен, а не ви даваат храна, јадете се што ќе ви се најде на дофат, истакна морнарот Балберо.

Во групата киднапирани, имало морнари од Кина, Филипините, Камбоџа, Индонезија, Виетнам и Тајван. Бродот пловел под знамето на Оман, но бил во сопственост на бродска компанија од Тајван.

Една година по грабнувњето, бродот бил потопен. Еден тајвански адвокат од тогаш почнал да ја игра улогата на посрдник во преговорите со пиратите.

Се верува дека оваа ослободена група е една од последните со грабнати морнари од пиратите.

Во 2006 година, беа регистрирани цела серија грабнувања на бродови во тој дел од светот, за да се наплати откуп. По интервенцијата на меѓународната заедница, која во Индиски Океан испрати патроли од воени бродови, пиратството драстично се намали и се верува дека е пред целосно исчезнување.