Ослободени полицајците уапсени во врска со случајот Ивановиќ
Основниот суд во Косовска Митровица вечерва ги ослободи двајцата полицајци кои беа уапсени пред два дена под сомнение дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ, јавува „Коха диторе“.
Веста за весникот ја потврди и главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица, Шуќри Суља.
Обвинителството утрово побара од судот едномесечен притвор за осомничените.
Весникот „Газета експрес" претходно објави дека двајца припадници на косовската полиција, Д.М. (48) и Ж. Ј. (48), од станицата во северниот дел на Косовска Митровица, биле уапсени под сомневање дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ.
Оливер Ивановиќ, водач на Граѓанската иницијатива на СДП, беше убиен на 16 јануари пред седиштето на партијата во Северна Митровица.
Обдукцијата покажа дека тој бил убиен со шест куршуми од пиштол М70А.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација