Ослободена германската кураторка која неделава беше киднапирана во Багдад
Германската кураторка на уметноста Хела Мјуз, која неделава беше киднапирана во Багдад, денеска е ослободена во акција на ирачките безбедносни сили.
Американските медиуми наведуваат дека, врз основа на собраните разузнавачки информации, операцијата била извршена утринава на локација југоисточно од Багдад, а во моментот кога била пронајдена Мјуз имала превез врз очите.
Киднаперите се уште не се пронајдени, а Мјуз и е предадена на германската Амбасада во Багдад.
Таа беше киднапирана пред германскиот уметнички центар во Багдад каде работеше, а нејзиното исчезнување беше пријавено во вторникот.
Освен што е позната во уметничките кругови во Ирак, Мјуз е и истакнат поддржувач на масовните антивладини протести во таа земја.
Никој досега не ја презеде одговорноста за нејзиното киднапирање, ниту е познато кој стои зад овој чин, пренесуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората