Свет
29. August 2016 - 8:23

Ослободена е австралиската хуманитарна работничка, која беше киднапирана во Авганистан

Австралијанката Кери Џејн Вилсон (60), која работеше за локалните невладини организации во Авганистан, и беше киднапирана во мај во источниот град Џалалабад, близу до границата со Пакистан, е ослободена и е во добра здравствена состојба, изјави министерот за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп. 

Тој исто така упати благодарност до авганистанските власти кои дадоа помош и поддршка за ослободувањето на австралијанската заложничка.