Ослабела 45 килограми со едноставна диета: Мислев дека ќе симнам 6 килa, но тежината само паѓаше
Ирката Моли Агњу (24) од Даблин, тежела цели 107 килограми. Меѓутоа, таа успеала да ја преполови својата тежина точно пред Нова година. За околу десет месеци Моли успеала да симне неверојатни 45 килограми.
Диетата до која се придржувала со месеци се засновала на целосно избегнување леб и чоколади, а од менито ги исфрлила и тестенините. Јадела претежно варен зеленчук и месо, а откако ослабела, на нејзиното тело се задржал голем вишок на кожа, па на крајот на ноември одлучила да појде на затегнување на стомакот за да ја доведе својата линија во ред точно пред новогодишните празници, пишува Дејли Мејл.
-Почувствував огромно олеснување кога ослабев 45 килограми, добив значителна самодоверба, меѓутоа, кога се погледнав во огледало сè уште не бев среќна, раскажала Моли.
– Мислев дека ќе ослабам само 6 килограми, меѓутоа тежината продолжи да се намалува и ми остана многу вишок кожа околу стомакот. Поради тоа не можев ништо да облечам за да ја покажам мојата нова фигура. Знаев дека затегнувањето на стомакот ќе ја комплетира мојата трансформација, раскажала девојката и додала:
-Пред да ослабам бев многу несреќна, го тргнував моето означување на фотографии на Фејсбук затоа што ми се гадеше од сама себе и од мојот изглед. За среќа, никој никогаш не ме задевал и навистина имам одлични пријатели, но знаев дека морам нешто да направам со себе. Сега конечно имам тело за какво сонував, а Новата година симболично го претставува мојот нов почеток, завршила Моли.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка