Џет-Сет
2. March 2017 - 17:34

Ослабе 10 килограми и се соблече: Дара Бубамара го покажа телото по ригорозната диета

Дара Бубамара неодамна ослабе десет килограми, а сега ги покажа резултатите од диетата. Пејачката моментално се наоѓа во Дубаи, каде требало да отпатува со новото момче, но тој поради обврски во кошаркарскиот клуб, не можеше да биде со неа.

Тоа дара не ја спречи за да ужива во луксузното одморалиште. На социјалните мрежи се пофали со фотографии од раскошниот хотел, а објави и фотографии во бикини. Фановите забележаа дека Дара изгледа многу собро па ја почастија со многу комплименти.

"Бомба. Прекрасно. Никој не и е рамен“, беа само некои од коментарите кои и ги упатија фановите.