Свет
11. November 2019 - 14:31

Осквернети еврејски гробишта во Данска

Повеќе од 80 гробници се осквернавени на еврејските гробишта во Данска, што се доведува во врска со претстојното оодбележување на годишнина од „кристалната ноќ“. Инцидентот се случил во градот Рандерс во западна Данска, а полицијата отвори истрага.

„Повеќе од 80 надгробни споменици се исцртани со зелени графити а дел од нив се уништени“ соопшти полицијата. Се наведува дека се работи за можна антисемитска акција, но извршителите не оставиле никакви експлицитни анти-еврејски пораки или симболи. Како се наведува, полицијата не открила кога гробиштата точно биле уништени. Гробиштата во Рандерс се основани кон крајот на 19 век, а градот има најголема еврејска заедница надвор од Копенхаген.a