Македонија
11. May 2021 - 11:55

Осквернавен гроб во долнорекнаското село Требиште

Непознати сторители минатата недела оштетиле гроб што се наоѓа во дворот на црквата во селото Требиште, општина Маврово Ростуше. Не се познати мотивите за ваквиот чин и колкава штета е причинета.

Од СВР Тетово информираат дека вчера бил пријавен случајот. Од првичните сознанија, во периодот помеѓу втори и деветти мај годинава засега непознати сторители извршиле сквернавање на гроб во дворот на црквата „Свети Ахил Лерински“.

По пријавата, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се работи на расчистување на настанот, а целиот случај е документиран, посочуваат од СВР Тетово.