Фудбал
23. December 2016 - 14:22

Оскар си оди од Челзи

Фудбалерот на Челзи, Оксар во јануари ќе направи трансфер и од премиерлигашот Челзи ќе замине во Кина и ќе го носи дресот на екипата на Шангај. Од лондонскиот клуб не објавија детали од трансферот, но најверојатно висината на трансферот е околу 60 милиони фунти.
Бразилецот Оскар во 2012 година за 25 милиони фунти во Челзи дојде од Интернационал. Во дресот на Челзи одигра 203 натпревари и постигна 38 голови, а притоа ја освои Премиер лигата и триумфираше во Лига Европа и Лига купот.
Во оваа сезона кај менаџерот Антонио Конте, Оскар одигра само 11 натпревари