Македонија
12. October 2019 - 18:10

Осиромашува црковното наследство во Охрид

Богатото културно црковно наследство од ден на ден се повеќе осиромашува. Верските објекти во Охридско-струшкиот регион особено во руралните средини сеуште се мета на крадците. Вредни икони,фрески и други црковни предмети од македонските светилишта многу често завршуваат на црните пазари.Експертите сметаат дека се потребни  системски промени и построга законска регулатива.

Освен што се крадат икони, проблем е и нивното одржување. Поради недостиг од средства и стручен кадар, дел од нив со децении не се реставрирани и конзервирани и се распаѓаат.

Некои од црквите црквите се оставени сами на себе, без видео надзор, аларми или чувари.

Инаку кражбите во црковните храмови во охридско, струшко и дебарско ја оставија Македонија без 600 вредни икони на  Дичо Зоограф со што се  изгуби непроценливо културно историско богатство.