Македонија
30. September 2020 - 16:36

Оштететена во ,,Таргет-тврдина‘‘ бара од државата 3 милиони евра

Милионски суми отштета бараат прислушуваните кои обвинителството ги повика да сведочат во предметот Таргет-Тврдина. Соптвеничка на туристичка агенција бара 3 милиони евра. Поранешен разузнавач смета дека претрпел штета од еден милион евра.

„Тоа е само директна материјална штета. За нематеријалната штета, за углед, за душевни болки на фамилии, тоа е дополнително“, изјави Слободан Богоески.

Сведоците сметаат дека со наводното прислушување, штети претрпел и бизнисот. Сепак велат дека нема да бараат обештетување.

„Не е логично сега државата да обештетува некој затоа што на крај пак тој цех паѓа или на фирмите или на населението, но доколку се утврди конкретниот налогодавач на оваа операција, тогаш би требало да има надомест на штета која јас би ја донирал во хуманитарни цели“, изјави Хари Костов.

Дел од сведоците сметаат дека обвинетите не се единствените кои треба да одговараат за нелагалното следење на комуникациите.

„И некои други луѓе покрај овие овде да одговараат за она што се случувало и тоа луѓе од областа на правосудството, само за жал не се седнати во судницата“, изјави Ѕвонко Давидовиќ.

За случајот Таргет-Тврдина обвинети се поранешниот директор на УБК, екс министерката за внатрешни и уште неколкумина од управата за безбедност и контраразувнавање.