Македонија
6. March 2017 - 11:59

Оштетено возило на судијка од Основниот суд во Охрид

Непознати сторители ноќеска оштетиле приватно возило, сопственост на судијка во Основиот суд во Охрид.

Немилиот настан утрово е пријавен во охридската полиција, која работи на расветлување на случајот.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот, што се случил на улицата „АСНОМ“ во Охрид, во близина на домот на судијката.

- Случајот е евидентиран и се работи на откривање на сторителите и расчистување на немилиот настан, изјави Димоски.

Според информациите, искршени се двете ветробрански стакла и двете стакла на совозачката страна на возилото, а на него не била оставена никаква порака.

Истрагата треба да утврди дали се работи за обично разбојништво или можеби случајот има поврзаност со работата на судијката, која работи како кривичар во охридскиот суд, а има водено многу предмети.