Македонија
24. November 2022 - 17:36

Оштетените во случајот „Ласкарци“ најавуваат блокади откако заглави судскиот процес

Разочарани од судството кое и по четири години нема пресуда за автобуската несреќа кај Ласкарци, роднините прашуваат каде заглави судењето.. Денеска одговори бараа од Кривичниот суд. Тој вината ја префрли во Бирото за судски вештачења кое веќе цела година подготвува сообраќајно-технички извештај.. Роднините се заканија со блокади на улици и Кривичниот суд..Семејствата на загинатите од трагедијата кај Ласкарци сметаат дека намерно се одолговлекува судскиот процес во кој обвинети се возачот на автобусот и сопственикот на на Дурмо Турс.. По една година откако Кривичен побара супер-вештачење, денеска роднините побараа судот да одговори зошто доцни извештајот кој треба да ги врати обвинетите во судница..

„Не сакаме да веруваме дека во позадина има притисоци, политички влијанија или коруптивни дејствија. Починатите не се жртви ниту на несреќа, ниту на судбина, туку на неодговорност и немање контрола“

„Се плашиме дали е ова нарачано супервештачење. Дури и бранителите на обвинетите и нивните вештаци немаа забелешки на вештачењето кое го имаше подгтовено обвинителството. Тоа покажува само дека судот купува време и сака да најде начин како обвинетите што направија злосторство, убија 16 луѓе, да бидат ослободени“

Во ноември лани беше побарано супервештачењето откако одбраната и обвинителство имаа различни извештаи за несреќата.. Од Кривичен велат редовно закажувале рочишта, но и судот исто како и роднините, чекал да се изработи извештајот за исправност на возилото..

„Во овој момент судот, исто како и оштените, веќе цела година е во исчекување на наодот од Бирото за супер вештачења, па заради тоа ги упатуваме оштетените, одговор да побараат и во самото Биро со оглед да нашите ургнеции, не влијаат за побрзо завршување на постапката“, велат од Основниот кривичен суд..

Од Бирото за судски вештачења, нема објаснување зошто и по цела година не е готов извештајот.. Во вторник ќе правеле увид на автобусот, а супервештачењето очекуваат да биде готово до крајот на декември или во почетокот на следната година..

Во февруари се навршуваат четири години од трагедијата во која загинаа 16мина, а 37 беа повредени..

Точно една година се чека Бирото за судски вештачења да подготви извештај  

По една година откако судот побара супервештачење, роднините денеска дојдоа во Кривичен да се изготви супервештачење кој излета од патот кај селото Ласкарци се сомневаат дека намерно се одолговлекува судскиот процес во кој обвинети се возачот и сопственикот на превозната фирма.. Денеска, од кривичниот суд побараа одговор зошто цела година се чека изработката на супер вештачење од кое зависи кога обвинетите ќе се вратат во судница.. Од Бирото за судски вештачењата велат дека во вторник ќе се прави увид на автобусот по што ќе биде завршен извештајот и предаден на судот..