Loading Video...
Бизнис
30. September 2020 - 18:09

Оштетените во Еуростандард на протест ќе бараат закон за обесштетување

Државата да донесе закон со кој ќе може во целост да се обештетат  правните и физички лица кои имале депозити во Еруостандард над 30 илјади евра, бараат оштетените граѓани. Велат дека ова е единственото решение за повеќе од 700 граѓани и 2.000 правни лица да си ги добијат парите кои со години ги штеделе. Тврдат дека  банката издавала кредити без покритие и сега стечајната маса не може да ги наплати, а токму од тие средства треба да се обештетат овие штедачи.   

Бараме да се донесе закон кој веруваме брзо ќе биде изгласан и ќе бидат обештетени и потоа државата со користење на сите механизи да го открие криминалот кој се случувал во банката. Веруваме дека долги години се работело незаконски не само во банката туку и надвор од банката, вели Иван Брзаковски.

Во меѓувреме Управен суд ја отфрли тужбата на Еуростандард банка со која банката бараше повлекување на решенито од народната банка за одземање на дозволата за работа, со образложение дека за банката веќе има отворено стечајна постапка. 

Утре здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка во 15 часот пред собранието ќе одржат мирен протест.

НБРМ во август ја одзема довзолата за работа на банката поради неисполнување на минималните услови за работа. Се отвори и стечајна постапка, а од Фоднот за осигурување на депозити почнаа да ги исплаќа парите на штедачите кои имале депозити до 30 илајди евра.