Бизнис
3. November 2020 - 21:15

Оштетените штедачи од Еуростандард банка со иницијатива до Уставен суд

Уставниот суд да ја пресипита постапката каде предност за обештетување од стечајната маса има Фондот за осигурување на депозити. Оштетените депоненти од Еуростандард банката кои имале над 30 илјади евра, вклучувајќи ги и правните лица поднесоа иницијатива до судот, со образложение дека се дискриминирани во однос на останатите штедачи. Ставуваат дека ако прво се обештети Фондот, тие можат да останат со кратки ракави

Според нашите информации во кредити се пласирани над 100  милиони евра, од кои 60, однсно 70% се ненаплатливи. Значи можно е од стечајната маса да не остане ништо, за граѓаните кои имаа над 30,000 евра, како и сите правни лица, изјави Љупчо Кузмановсик, адвокат на оштетените штедачи од Еуроснадард банка.

Со пропаѓањето на Еуростандард банката, 780 депоненти кои имаа влог над 30 илјади евра, како и сите фирми јкои имаа сметки таму -  остана без своите заштеди. Нив Фондот ги обештети само до загарантираната сума од 30 илјади евра. Остатокот – ќе го чекаат од стечајната маса, процес кој би можел да трае со години, со оглед а тоа дека првото рочиште е  закажано со неколку дена.   Според Кузмановски – највисокиот влог , неофицијално се шпекулира дека изнесува 700 илјади евра.

Оштетените штедачи повторно побараа државата во целост да ги обештети, а парите потоа да си ги наплати од стечјната маса. За вакиот предлог, премиерот Заев веќе се изјасни дека е незаконски.

.