Бизнис
3. September 2020 - 15:21

Оштетените од Еурстандард банка бараат 800 семејства и 2.000 фирми први да бидат обештетени од стечајната маса

Околу 800 семејства и 2. 000 фирми први да  бидат обештетени од стечајната маса на Еуростандард банка. Овој  предлог го дале престваниците на оштетените граѓани на состанокот со премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи. Од Владата побарале што е можно поскоро да им се помогне, затоа што за брзо време  сите тие граѓани и фирми ќе се соочат со поголеми  проблеми.

Од владата  ветуваат решавање на проблемот. И од здружението Ануитети се согласуваат граѓаните први да бидат обештетени, а фондот за осигурување на депозити последен да ги добие парите.  Предлагаат во стечајниот рпоцес да бидат вклучени независни експерти. 

Повеќе во вестите во 16 часот.

 

Ирена Чачкова