Македонија
4. April 2017 - 12:13

Оштетен автомобил пред Инфективна клиника, пропадна во дупка

Граѓаните преку Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам испратија низа фотографии од пежо со скопски таблички кое со предното тркало пропадна во дупка пред Инфективната клиника во Скопје.

Според коментарите, неодамна во истата дупка пропаднал и човек, а дупката била облежана со знак, кој денеска е тргнат и најверојатно поради тоа автомобилот заглавил во дупката.