Loading Video...
Фудбал
13. August 2022 - 10:32

Осасуна подобра од Севиља на отворањето на сезоната во шпанската Примера

Со натпреварот Осасуна – Севиља кој го добија домаќините со 2-1 започна новата фудбалска сезона во шпанската Примера. 
 
Осасуна до победата стигна со головите на Авила во 9-тата и Ороз во 74.минута, додека стрелец на голот за Севиља беше Рафа Мир во 11.минута. 
 
Денеска на програмата се три натпревари, а во вечерниот термин од 21 часот својот прв меч ќе го одигра и Барселона која на „Камп Ноу“ го пречекува Рајо Ваљекано.