Loading Video...
Тенис
6. October 2019 - 15:16

Осака ја совлада Бартли во финалето во Пекинг

 
 
На турнирот во Пекинг, далеку поинтересно беше женското финале.
 
Јапонката, Наоми Осака е победничка на женскиот дел од турнирот во Пекинг. Таа во финалето во три сета ја победи прво рангираната на ВТА листата Ешли Бартли со 2-1. 
 
Првиот сет и припадна на Австралијката со 6-3, а вториот и третиот ги осои Јапонката со 6-2 и 6-2. 
 
За Осака ова е вкупно 5-та титула во кариерата, од кои има и два Гренд-слем трофеи, од Австралија Опен годинава и лани кога триумфираше на УС Опен 
 
На истиот турнир во машка конкуренција победи Доминик Тием кој во финалето беше подобар од Стефанос Циципас кого со совлада со 2-1. 
 
Иако првиот сет го доби грчкиот тенисер со 6-3, сепак следните два му припаднаа на Австриецот, со 6-4 и 6-1.