Македонија
12. August 2017 - 15:10

Оружен грабеж во маркет во Скопје

Маскирани лица со закана со пиштол од маркет во Скопје одзеле неутврдена сума пари од дневниот промет и избегале во непознат правец.

Како што информира МВР, разбојништвото го извршиле две маскирани лица вчера околу 22 часот во „ЗУР маркет" на улицата „Волгоградска" во Скопје.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.