Македонија
28. December 2016 - 11:09

Оружен грабеж во маркет во Куманово

Засега непознат сторил вчера вечер извршил оружен грабеж во маркетот „Елида“ во кумановската населба Карпош при што одзел 57.000 денари.

Како што соопшти полицијата во Куманово, кражбата била извршена во 19:26 часот кога сторителот влегол во маркетот и со закана со пиштол кон вработените го одзел дневниот пазар. 

- Сторителот влегол во маркетот, го извадил пиштолот и го вперил кон една од вработените, која успеала да го притисне копчето за аларм. Тој ја забелажал и ја удрил по главата, потоа ја принудил да оди кон магацинот, каде што нејзината колешка му ги дала парите. Сторителот уште еднаш ја удрил вработената по главата по што избегал во непознат правец, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.