Македонија
31. October 2017 - 13:46

Оружен грабеж во аптека во Ѓорче Петров

 Маскирано лице со закана со пиштол синоќа ограбило аптека во населба Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 19 часот во аптека на ул.„Ѓорче Петров“, кога непознат сторител маскиран со маска на глава, со закана со пиштол извршил разбојништво врз вработените, при што одзел пари од дневниот промет. 

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.