Македонија
5. December 2020 - 10:03

Оружен грабеж на магацин за марихуана - го врзале чуварот и ја украле марихуаната

На 04.12.2020 околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во с.Јосифово. СВР Струмица презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на пријавеиот настан.

Неколку лица со фантомки користејќи насилни методи, кои најверојатно биле и наоружани провалиле во објектот го врзале лицето кое вршело обезбедување на складиштето за марихуана и го ограбиле истото.