Македонија
8. July 2018 - 20:18

Организирањето планинарски тури без професионален водич е опасно

Некои од туристичките агенции во своите тури нудат прошетки и искачувања на високите планини без да ангажираат професионален кадар.Многу често водичите на кои апсолутно не им е позната планината ни опасностите кои демнат сами ги носат туристите па поради тоа се случуваат несреќи. Добрите познавачи велат дека потребна е поголема одговорност од страна на организаторите и редовни контроли. Импровизации со безбедноста или квалитетот во вака сензитивни дејности може да го уништи имџот на дестинацијата, на професијата и тоа да има долгорочни негативни последици.

Статистиката според светската туристичка организација во последниве години покажува дека авантуристичкиот  туризам е во огромен подем и дека се бараат дестинации како Балканот кои имааат умерена клима и убави планини кои не се многу тешки за искачување.

Инаку во рамките на проектот Регионот охридско езеро безбедна дестинација се планираат голем број на работилници со туристичкиот сектор каде ќе се едуцираат првенствено за управување со ризиците во авантуристичкиот туризам и за можноста од постоењето на 24 часовната служба за спасување .