Организирале луксузна свадба: Почна првиот танц, а потоа следуваше шок за сите гости
Гостите на венчавката на Дани (19) и Карл Маунтфорд (18) во Англија славеа без младенците откако на бремената невеста среде првиот танц и пукна воденикот.
Двојката по само неколку танцови чекори ја напушти салата и со такси на почетокот на славјето на 18 декември, отрча во болница за, следното утро да го дочека раѓањето на нивното девојче Јасмин.
-Во еден момент танцував со мажот, а во другиот се раѓаше нашата ќерка. Тоа беше големо изненадување, но денот на венчавката токму поради тоа беше многу посебен. Додека танцувавме, нешто почна да ми тече низ нозете. Бев во венчаница се додека не ме однесоа во болничката сала. Целата венчаници беше натопена со плодова вода, раскажа младата мајка.
Свадбената прослава двојката ја напуштила околу 22.30 часот, но гостите продолжиле да прославуваат.
-Не успеавме ни да ја пресечеме свадбената торта. Јасмин е добро и таа дефинитивно е најубавиот свадбен подарок кој го добивме, рече Дани.
Ново на Сител
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Гостин во Тема на денот – Гордана Силјановска Давкова
-
Опозицијата бара интерпелација за Џафери - тој тврди работи по деловник
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Бесими тврди - пари за повисоки плати на администрацијата нема - ССМ најавува генерален штрајк
-
Министерството за култура најавува кратење на буџетот за да „преживее“ до крајот на годината
-
Гир и Бесими - Македонија да ги продолжи економските и социјалните реформи
-
Самитот на ЕУ се ближи, се помалку надеж за кревање на ветото