Свет
25. November 2015 - 9:48

Организаторот на нападите во Париз планирал напад во Дефанс

Осомничениот организатор на нападите во Париз Абделхамид Абауд, кој беше ликвидиран минатата седмица во Сен Дени, планирал да изврши самоубиствен напад со помош на соучесник во парискиот бизнис кварт Дефанс, соопшти обвинителот на Париз Франсоа Моленс.

Нападот требало да биде извршен во седмицата по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица.

- По терористичките напади Абауд се вратил на местото на злосторството, поконкретно во концертната сала „Батаклан“, рече Моленс.

Во исто време, од салата биле изнесувани телата на жртвите, а на местото работеле службеници на специјалните полициски единици.

На 13 ноември исламисти нападнаа ресторани и кафе барови во источниот дел на Париз, како и концертната сала „Батаклан“, а тројца терористи се разнесоа и кај „Стад де Франс“.