Бизнис
21. October 2019 - 21:38

Организаторите на пазарите и закупците барат укинување на Законот за зелени пазари

Целосно укинување на законот за пазари. Со исто барање настапуваат и организаторите на пазари и пазарџиите. Овој закон на почетокот на годината ги дигна пазарџиите на протести, по што примената беше одложена за една година. 
Најжешката точка во законот се лиценците кои треба да ги издава комората на трговци. Ова е голем трошок за пазарџиите кој ќе стимулира сива економија.

- закупците на тезги ќе излезат надвор од пазарите, а трошокот за лиценците би изнесувал околу 2 милиони евра кои ќе треба да ги платат закупците 
Сега, на два месеци пред законот да стапи на сила, закупците на тезги велат дека преговори годинава немало, а и да имало немало да има резултати затоа што законот е неприменлив.

Предлагач на законот е Министерствто за екномија од таму велат дека укинување на законот нема да има, туку ќе има измени со кои наместо само комората на трговци, лиценци ќе издаваат повеќе комори. 
„Министерството за економија не ја одредува висината на средствата со кои трговецот на зелени пазари ја добива легитимацијата. Законот ги одредува само условите за добивање на легитимацијата, но не и висината. Неа според  првичниот Закон ја одредуваше Комората на трговци, односно сега со измените, идните комори кои ќе добијат јавни овластувања за оваа намена“, соопшти Министертсвто.

Цените кои зимоска ги предложи комората на трговци изнесуваа 3600 денари за тезга, а за втора тезга дополнитени 2400 денари.