Бизнис
10. January 2019 - 19:36

Организаторите на пазари најавуваат дека нема да ги подигнат лиценците

Пазарџиите нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Органозаторите на зелените пазари велат овој бојкот ќе трае додека не се укине или барем не се одложи примената на новиот закон. Според нив, Законот нема да ја постигне целта за воведување ред на пазарите, туку напротив, ќе го преполови работењето и ќе ја зголеми сивата економија.

“Пазарите не се генератор на сива економија.Сивата економија е надвор од пазарите.Организаторите плаќаат данок по основ на закуп, а трговците паушал”, вели Предраг Милосављевиќ, АД Скопски Пазар.

Законот наложува секој закупец на тезга да плаќа годишна лиценца во износ од 60 евра. Освен тоа, пазарџиите имаат обврска да членуваат во Комората, што претставува дополнителен трошок за нив.

“Со тоа годишно околу 1,5 милиони евра би инкасирала Комората што ќе ги издава лиценците. Немаме информации што ќе добијат за тие пари”, вели Даниела Михајловска Василева, Стопанска Комора на Македонија.

Организаторите сметаат дека дека Законот е дискриминаторски бидејќи дејноста ќе биде забранета за пензионерите, за секој трговец поединец, за редовно вработените и за тие со склучен договор на дело.

“Се согласувам со голем дел од барањата да не создаваме проблеми, туку да ги решаваме. Има потреба од нов закон за зелени пазари, но да е точно дефинирано и да нема исклучоци и дискриминирање. Треба сите што имаат можност да може да работат”, вели Анета Симеска Димоска, пратеничка од СДСМ.

Од Стопанската комора најавија дека ќе достават допис до сите надлежни институции и инспекциските служби за итно решение бидејќи веќе имале најави за откажување на тезги од страна на закупците. Од Министерството за економија велат дека реакциите се задоцнети, а дозволата пензионери и вработени да работат на пазарите се коси со законот за работни односи.