Организаторите на извидничкиот камп за сексуална едукација повикани на разговор во полиција
Министерството за внатрешни работи пред два дена добило пријава од родител во врска со извидничкиот камп во близина на Скопје, на кој според, тврдењата на родителот, малолетни деца биле вклучени во непримерни активности.
Од МВР за МИА потврдуваат дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител. МВР, како што, нагласија оттаму постапуваат по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот.
Лицата, кои се инволвирани активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција, потврдија за МИА извори од истрагата.
Од обвинителство во одговор на прашање на МИА, пак велат: „Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба“.
Случајот го обелодени „Слободен печат“, во чија редакција се обратил родител, а според неговите тврдења на кампот во близина во Скопје имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.
Тој сведочел дека неговата малолетна ќерка на кампот, кој се одржал изминатиот викенд доживеала шок и трауми на извидничкиот камп организиран во близина на Скоје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.
Девојчето се обратило до училишниот психилог со писмена изјава, а родителот во адуио разговор со „Слободен печат“ ја озбразложува и вели дека активностите на кампот биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашања колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, боење на полови органи, пеење песни во долна облека.
За случајот реагираше Хера, Асоцијацијата за здравствена едукација, која апелира за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“.
Ново на Сител
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија