Loading Video...
Тенис
11. January 2022 - 14:09

Организаторите на Австралија опен потврдија - Новак Ѓоковиќ прв носител на турнирот!

Иако сè уште не е познато дали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие „зелено светло“ да остане Мелбурн, сепак организаторите на Австралија Опен, го рангираа Србинот како прв носител на првиот Гренд слем во годината. 
 
Ѓоковиќ кој е пуштен од екстадициски притвор и веќе одработи неколку тренинци, сеуште ја чека конечната одлука на министерот за емиграција околу својот престој во Австралија.
 
Но, организаторите на турнирот на два дена пред официјалната ждрепката, го  потврдија деветкратниот шампион во Мелбурн како прв носител.