Организацискиот секретар на НСДП Трајковски се кандидира за претседател на партијата
Организацискиот секретар на НСДП пред почетокот на седницата на Централниот одбор на партијата на која на дневен ред се повеќе точки во врска подготовките на Петтиот конгрес на партијата, на кој треба да се избере следниот претседател на НСДП, закажан за 4 јуни, ја најави својата кандидатура за лидерската позиција.
-Ја поднесов мојата кандидатура и програма согласно сите услови и рокови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на Претседател на НСДП кој го усвои самиот Централен Одбор. Иако сум единствен кој поднесе кандидатура и програма согласно Правилникот, верувам во демократскиот дух на партијата и дека ќе имаме успешни и демократски избори за Претседател на партијата на претстојниот Конгрес на 4 јуни, рече Трајковски во изјава за медиумите.
Прашан што доколку денеска Централниот одбор сепак донесе одлука да има само еден кандидат, односно Горан Мисовски, Трајковски рече дека самиот Правилник предвидува кандидатурата за претседател да може да биде пријавена и на самиот Конгрес и дека планира да ја искористи и таа можност.
Ново на Сител
-
109 нови случаи на Ковид-19
-
Од денес повторно во функција Амбасадата на Северна Македонија во Киев
-
Ковачевски: Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот
-
Ковачевски: Инвестирани над 1 милијарда евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура во земјава
-
Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија
-
Црвенковски: Преспанскиот договор е избор на помалото зло
-
Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија беше голема грешка
-
Азески: Се засилува бизнис соработката со Грција