Македонија
16. February 2017 - 19:56

Организацијата македонско-бугарско пријателство, побара да се тргнат спомен плочите на партизаните во Штип

Здружението Македонско-Бугарско пријателство бара да се отсрани спомен-плочата на загинатите партизани која се наоѓа пред штипското училиште „Ванчо Прке“. Претседателот на здружението, Петар Колев, во отворено писмо до локалните власти во Штип, пишува дека плочата е навреда за бугарите и Бугарија.
 
На ова место во злогласниот бугарски фашистички затвор масово се затварани борци-комунисти од 1941 до 1944 година. Во него се измачувани, убивани и масакрирани повеќе борци од НОВ. Во знак на почит кон затворениците-борци за слобода на Македонија плочата ја поставува општинскиот одбор на СЗБ од НОВ. 8.11.1983 г. ШТИП, пишува на мермерната плоча за која здружението смета дека текстот е исполнет со идеолошки предрасуди.  Според Колев, реалноста е сосема поинаква. Тој во отвореното писмо до штипските локални власти пишува дека Република Бугарија донирала за изградба на мост и мултимедијален центар, а многу граѓани на Штип се образувале на бугарски универзитети..
 
-За волја на вистината, ние како штипјани добро знаеме дека во периодот од 1941-44 г.не е откриена ниту една масовна гробница, ниту пак имаме информација и докази за масакрирање и измачување на кој и да е наш сограѓанин. Да, постоеле вооружени конфликти помеѓу партизаните и органите на тогашната власт, но тие конфликти биле од идеолошка природа. Сите загинати партизани се во директен вооружен судир, а не масакрирани, измачувани или убивани како мирни граѓани, пишува претседателот на Здружението Македонско-Бугарско Пријателство..
 
На отвореното писмо испратено од Петар Колев, ексрпесно реагираа локалните власти во Штип. Претседателот на советот Влатко Миташев смета оти Колев е минорна политичка фигура за да побара отстранување на оваа спомен плоча.
 
Инаку Петар Колев освен претседател на Здружението Македонско-Бугарско пријателство, Тој во исто време е член на извршниот комитет на ВМРО-БНД на контроверзниот Красимир Каракачанов.