Македонија
30. September 2022 - 20:24

Организации бараат извршителите да не постапуваат за неплатени сметки за време на кризата

Законот за потрошувачи со кои делумно ќе се следат трговците во формирањето на цените со цел да не профитираат во криза го помина првиот собрнииски филтер.

Во Комисијата за европски прашања поддршка дадоа и пратениците на власта, но и на опозицијата.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ укажаа дека со овој закон се контролираат само големите трговци, а нема и заштита при формирањето на цените на земјоделските и прехранбените производи, кои начесто ги набавуваат домаќинствата.

Од оваа партија побараа јавна расправа токму на оваа тема.