Свет
3. October 2016 - 15:51

Орбан: Референдумот ја постигна целта

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го омаловажи неуспехот на референдумот за мигрантските квоти, кој се покажа како невалиден поради недоволната излезност.

- Референдумот ја постигна целта, ја разјасни ситуацијата. Ние го напаѓаме системот на Брисел за квотите. Резултатот од референдумот е показател дека Унгарија треба да ја продолжи борбата против задолжително распоредување на мигрантите по квоти, изјави Орбан пред Парламентот откако вчера на гласање излегоа само 40 проценти од граѓаните со право на глас, многу под потребните 50 отсто.

Околу 98,3 проценти од Унгарците кои излегоа на гласање се изјаснија „против“ квотите.