Орбан им се извини на европратениците: Жалам што ве нареков идиоти, немојте поради тоа да не' исфрлате!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати писмо до европските политичари кои иницираа изфрлање на неговата партија Фидес од Европската народна партија (ЕПП) во кое се извинува за навредливите зборови, но истакнува дека останува при своите политички ставови.
Портпаролот на унгарската влада рекоа дека писмата се испратени на адресите на сите 13 партии во Европскиот парламент кои побараа исклучување на Фидес.
Според копијата од писмото која Ројтерс ја имал на увид, Орбан побарал од лидерот на фламанските демохристијани Вутер Беке да го преиспита предлогот за исфрлање на Фидес.
„Не е тајна дека постојат сериозни несогласувања... по прашањето на миграциите, заштитата на христијанската култура и иднината на Европа. Исто така не е тајна дека не сакаме да го менуваме нашиот став по тие прашања“, наведе унгарскиот премиер. Тој додаде дека смета дека со исклучување на неговата партија сепак нема да се решат несогласувањата што постојат околу тие прашања.
„Поради тоа сакам да ве замолам да го преиспитате својот предлог за исклучување, ако е тоа можно“, рече Орбан.
Лидерот на ЕПП и кандидат за претседател на Европската комисија Манфред Вебер рече претходно дека извинувањето на Орбан за навредувањето на членовите на ЕПП е услов за останување на Фидес во таа група на конзервативни партии во Европскиот парламент.
Орбан се извини за тоа што во неодамнешното интервју за Велт ам зонтаг своите критичари ги нарече „корисни идиоти“, наведувајќи дека тоа е всушност цитат од Ленин, со кој, сакал да критукува одредена политика, а не одредени политичари.
„Со ова би сакал да ви упатам извинување ако мојата изјава сте ја сфатиле како лична навреда“, рече Орбан.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто