Свет
7. September 2016 - 9:17

Орбан: ЕУ треба да ги штити своите граници колку што е можно појужно

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера, на средбата со премиерите на Полска, Чешка Словачка и Украина, изјави дека Европската Унија треба да ги штити своите граници од неконтролираната имиграција, колку што е можно појужно.

- Заштитата од неконтролираната миграција треба да се помести колку што е можно подалеку на југ, се согласија шефовите на влади.

Орбан, којшто претходно ги нарече мигрантите „отров", исто така нагласи дека миграцијата ја изложи сета слабост на ЕУ, пренесува БТА.