Македонија
1. July 2016 - 16:04

Орав: Политичката криза мора да се реши за неколку денови, а не за недели или месеци

Во интерес на земјата е политичките партии да постигнат договор во следните неколку денови, наместо времето за договор да го одложуваат со недели и месеци. Евроамбасадорот Аиво Орав во придружба на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава ги повика лидерите на политичките партии да воспостават отворен дијалог со цел да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат. Орав вели дека договорот од Пржино е најдобриот начин земјата да заврши со политичката криза. Тој во својата изјава порача дека е клучно имплементирањето на итните реформски приоритети и да запрат опструкциите кон СЈО.

- Помина повеќе од месец дена откако Парламентот повторно заседава. За жал, не видовме многу прогрес во адресирањето на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата. ЕУ е сериозно загрижена за ситуацијата. Ние сме обединети за потребата политичкото лидерство во земјата да се ангажира во отворен дијалог. Партиите мора да постигнат согласност за патот напред во имплементацијата на Договорот од Пржино од 2015 година вклучувајќи и креирање услови за кредибилни избори, вели Орав.

Премиерот димитриев вели дека итните реформски приоритети се приоритет на владата. Тој најави дека на денешната седница зелено светло од владата очекува да добијат измените на законите за народниот правобранител и владиното рекламирање и наскоро да се најдат во собраниска процедура. Димитриев очекува навреме да бидат спроведени сите законски реформи. Тој ги повика лидерите на политичките партии да придонесат за излеза на земјата од политичката криза.

Вицепремиерот Тодоров кој е директоно вклучен во меѓу партиските преговори вели дека СДСМ е партијата која го минира процесот за целосно имплементирање на договорот од Пржино, тврдејки дека токму опозицијата не исполнила ниту една од превземните обврски со догворот во целост. Тодоров вели дека тие намерно ја продолжуваат кризата мислејки дека ќе оставарат некаков бенефит, но според него од продолжувањето на кризата губи и СДСМ и државата, а корист нема никој.

Од СДСМ возвратија, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ се тие кои го опструираат политичкиот договор. Опозицијата велат тие се грижела договорот да заживее и да се реализираат фер и демократски избори со претходно исполнети услови.

Денешната порака упатена од амбасадорот Орав кој побара од политичките лидери решпавање на кризата во следните неколку денови, доаѓа пред посетата на германскиот пратеник Јоханес Хајндл кој се очекува да ги седне лидерите на иста маса во среда. Една недела по него се очекува во Македонија да допатува и Викторија Нуланд. Неизвесно е само дали тие доаѓаат за забрзување на процесот или поздравување на веќе постигнатите услогласувања помеѓу партиите кои амабсадорте побараа да бидат потпишани час поскоро.