Македонија
7. October 2015 - 16:10

Орав: Очекувам вечерва да биде постигнат договор

Евроамбасадорот Аиво Орав пред продолжението на разговорите за измените во изборното законодавство во Клубот на пратениците изјави дека има напредок во преговорите и оти очекува до вечерва да биде постигнат и договор.  

- За жал не беше испочитуван крајниот рок како што претходно се согласија четирите партии околу изборното законодавство. Повеќе време моравме да потрошиме на Предолг-законот што беше поднесен вчера во Собранието, меѓутоа постигнавме договор со сите партии. Овој закон заедно со законот за заштита на „свиркачите“ да се вратат во Собранието се до 20 октомври. Ова е добар  потег и со оглед дека има напредок во преговорите за Изборното законодавство очекувам до вечерва да биде постигнат и договор, изјави Орав за телевизија Телма.