Оптимизам во Грција за ратификација на Договорот од Преспа
Во пресрет на последното гласање за уставните измени кај нас, но и пред ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент во Грција преовладува оптимизам дека двете земји успешно ќе си ги завршат предвидените обврски, јави дописничката на МИА од Атина.
Очекувањата во Грција се дека штом заврши уставната ревизија во Македонија, измени за кој грчки дипломатски кругови коментираат дека се согласно договореното, Договорот од Преспа веднаш да стигне во грчкиот Парламент, нешто што би можело да се случи дури и во текот на јануари.
Во однос на ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО, вториот процес што треба да следи во Грција по ратификацијата на самиот договор, проценките се дека тоа би можело да се случи најдоцна до мај, но во никој случај тоа не би останало да го стори следната грчка влада.
Со ова се демантираат и шпекулациите и сценаријата во Грција, дека можеби актуелната влада нема да го ратификува протоколот за НАТО. Грчки дипломатски кругови изразуваат оптимизам дека актуелната влада има двојно мнозинство и за ратификација на Договорот од Преспа и за доверба и покрај ставот на коалициониот партнер, Панос Каменос дека ќе ги повлече неговите министри.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење