Македонија
30. August 2019 - 16:56

Оптимизам кај власта за датум во октомври и НАТО членство во декември

Секогаш постои фактор икс вели министерката Шекеринска коментирајки го процесот на ратификација на протоколот во земјите членки на НАТО. Таа се надева дека и покрај политичките превривања во Велика Британија, Шпанија и Италија , се ќе биде завршено за неколку недели или месеци и земјата и официјално ќе стане членка на Алијансата. Добра вест, вели министерката, е тоа што е направен договор за нова италијанска влада. И Шпанците во меѓувреме најавија дека македонскиот прием во НАТО ќе оди во итна процедура. Но, сега проблем е Британија каде парламентот ќе биде распуштен во клучниот период од септември па се до половината на октомври.

Македонските власти очекуваат дека, најдоцна до декември, на состанокот на лидерите на Алиајнсата во Лондон, земјата ќе стане 30 членка на Сојузот. Дотогаш протоколот ќе треба да го ратификуваат уште седум членки-  САД, Франција, Исланд, Холандија, Шпанија, Британија и Италија .