Македонија
15. January 2019 - 16:42

Општокорисна работа наместо затвор

На Македонија не и недостасуваат законски решенија во делот на спроведување на санкции, туку координација на институциите за поефикасно и поефективно нивно спроведување. Ова пред се е во сегментот на извршување на општокорисна работа на лицата кои се осудени со алтернативна затворска казна.

-Бенефит ќе имаат двете страни, со што ќе придонесе да не се преполнуваат нашите установи, како што беа во минатото, туку лицата навистина да имаат еден прифат, ресоцијализација, реинтеграција во општеството, како што треба, како што е надвор во Европа-изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции.

На 28 декември минатата година, судија во Основен суд Скопје-1 изрекол казна алтернативен затвор, односно општокорисна работа. Лицата ќе бидат ангажирани од страна на локалните самоуправи, поточно ќе работат во јавните претпријатија. Во промоција и реализација домашните институции ќе имаат помош од германски и холандски екпсерти.

-Нашиот проект се состои од 2 компоненти. Едната компонента е зајакнување на пенитенцијалниот систем, а другата е воспоставување на промоцијата-изјави Аксел Бригмен, советник на проектот од Германија.

Управата за извршување санкции на располагање има 400 периметарски електронски алки кои се планира да бидат ставени во функција, со што ќе може да се изрекува и казната домашен затвор.