Општините Тетово, Јегуновце и Теарце имаат повеќе пријавени за гласање дома во вториот круг
Во вториот изборен круг на претседателските избори во рамки на општинската изборна комисија Тетово денес како болни и изнемоштени граѓани во домашни услови гласаат 15 лица или еден повеќе од првиот круг кога имаше 14. Повеќе граѓани кои гласаат во домашни услови има и во општина Јегуновце.
– Во нашата изборна комисија по првиот круг за гласање дома дополнително се пријавила уште три лица па сега вкупно имаме 25 граѓани кои ќе го исполнат своето гласачко право во домашни услови еден ден пред гласањето во гласачките места, изјави Стојанчо Антовски од ОИК Јегуновце.
И во општинската изборна комисија во Теарце се бележи повеќе лица кои гласаат дома, односно сега има вкупно седум. Во општините Желино и Боговиње и сега во рамки на вториот круг од гласањето нема пријавено граѓани да гласаат денес како болни и изнемоштени.
Од ОИК Тетово информираат дека во казнено поправната установа „Затвор Тетово“- Тетово право на глас имаат 43 лица.
Во шестте општини на тетовскиот регион утре можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас, на вкупно 265 избирачки места.
Во општина Тетово, има 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во Боговиње има 27.501 гласачи и 38 избирачки места. Во Желино општинска изборна комисија има 23.510 гласачки листиња, а бројот на избирачки места е 35.
Теарце брои 22.116 гласачи и 30 избирачки места. Во Брвеница има 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.268 граѓани. Во општина Јегуновце се регистрирани 10.171 гласач и 21 избирачко место.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.