Македонија
11. јуни 2019 - 13:39

Општините немаат доволно специјализирани кадри за користење ИПА средства

 Човечките ресурси, пасивниот пристап и неусогласнеите стратешки документи, се клучна пречка за подобро искористување на финансиите од ИПА средствата од страна на општините.  Потребна е соодветна систематизација  и создавање специјализирани кадри кои ќе работат на тематиката за подобра апсорпција на средствата.

Тоа е главната препорака од учесниците на завршната конференција за проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“  што во изминатите 18 месеци го спроведоа Организацијата на жени на општина Струмица и Фондацијата НВО Инфоцентар Скопје.  Во тек на проектот за општините Скопје, Битола, Струмица и Тетово беа изготвени акциски планови за подобрување на меѓународната соработка и зголемување на апсорпцијата на ИПА, ЕИ и другите равзојни фондови.

Марјан Степановски, консултант на проектот од НВО „Евротинк“ за МИА изјави дека кај единиците на локална самоуправа нема стратешки пристап за користење на расположивите финансии, имаат проблеми со човечките ресурси, а отсуствува и соработка со останатите чинители во општеството.

– Има нефокусиран и пасивен пристап каде што локалните стратешки документи,  за жал, не кореспондираат со конкретните програмски приоритеи на ИПА  програмите, програмите на ЕУ и дел од другите  меѓународни билатерлни донатори што се присутни во земјава. Исто така, тука е и горчливиот проблем со човечките ресурси, односно неконзистеноста и проблемите со одливот на квалитетни кадри. Административно -техничките капацитети се главниот предизвик за што поголема апсорпција на развојните средства што се достапни. Во таа насока останува и моментот  на соработка со сите останати чинители. Тоа е цела палета на недржавни чинители, како што е граѓанското опшество, бизнис секторот каде што може да се експлоатираат големи  средства особено во оваа финансиска перспектива коишто навистина може да одговараат со реалните локални потреби, изјави Степановски.

Како што истакна, локалните потреби во основа се суштината на евроинтеграциите. – Без оглед дали  станува збор за проблематика од животната средина, социјални услуги, културни и социјално економски права коишто граѓаните треба да ги уживаат  на локалано ниво, за сите постојат средства. Тука не станува збор само за инструментот за претпристапна помош. Република Македонија веќе учествува и во програмите на  ЕУ, Европа за граѓаните, Еразмус плус, Креативна Европа,  палетата е широка. И покрај тоа што политичката волја е малку попозитивна треба да се преземат  многу специфични и конкретни чекори за да може овие средства да се користат стратешки, рече Степановски.

Билјана Бејкова од НВО Инфо центар исто така оцени дека на општините им епотребна подбра организациска поставеност за подбро искористување на средствата.  – Општините се повеќе ги препознаваат можностите за соработка со граѓанските организации, а го препознаваат и значењето на европските фондови, но се соочуват со доста препреки и потешкотии и потребна е соодветна организациска поставеност во општините за да ги зајаклнат капацитетите, рече Бејкова.

Како позитивен пример во користење на ИПА средствата беше посочена општина Струмица каде е формирано специјализирано одделение кое работи на развој, подготовка, примена и мониторинг на развојни проекти. Секторот за меѓународна соработка во град Скопје, според оценката на носителите на проектот, има фокусиран пристап, но во останатите општини  целиот товар паѓа на секторите за локален економски развој.

Според Ѓоко Ристовски, раководител на секторот за меѓународна сорабтка  и поддршка на здруженија на граѓани и фондации,  како и во сите области главни проблеми се човечките ресурси, финансиските средства и издржаните проекти.  – Но клучната поента е како да дојдеме до поголема вклученост на младите на локално ниво програмите што ги води пред се Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и како да создаваме мотивирани кадри кои на локално ниво ќе се вклучат во реалзиација. За поголема реализација на финансиите ни требаат помотивирани кадри, наведе Ристовски.