Македонија
6. January 2019 - 16:34

Општините на првороденото бебе во новата година му подаруваат различна сума на пари

Иако се родени како први бебиња во Новата година во нивните општини за подарок од градоначалниците добиваат различна сума пари. Според податоците од официјалните веб страници на локалните самоуправи најмногу пари на првородените деца во годината им се даваат во Скопје и Струмица по 20.000 денари на штедна книшка, во Прилеп 15.000, Велес 12.000, а во Битола, Охрид и Штип градските татковци поклонуваат по 10.000 денари. Ваква традиција нема во Гостивар, ниту во некои помали градови каде впрочем нема и родилишта.

Ги прашавме граѓаните од повеќе општини што мислат за различната сума на пари за првородените деца во годината.

Дел од локалните самоуправи со кои исконтактиравме велат дека висината на паричната награда била иста години наназад, а други пак сметаат дека секоја општина во зависност од буџетот сама си одлучува дали и колку пари ќе одделува за оваа традиција.