Македонија
11. January 2022 - 16:41

Општините и Владата со меѓусебни обвинувања за менаџирањето на енергетската криза

Владата да преземе одговорност и итно да им помогне на општините во справувањето со енергетксата криза бараат од ЗЕЛС. Доколку не се интервенира можни се рестрикции и прекин во испораката на услугите едногласни се градоначалниците. Се жалат дека не можат да издржат на овој начин бидејќи петкратно им се зголемени сметките за електрична енергија.

Од ЗЕЛС проблемот го гледаат и во тоа што на компаниите им е дозволено еднострано да ги раскинуваат договорите.

Жителите на О.Чаир ќе имаат греење за уште два дена вели градоначалникот Ганиу, кој посочи дека во некои установи иако сметките биле навреме подмирени, парното им било исклучено. Според Ганиу не се проблем долговите туку тоа што околу 70отсто од жителите се исклучиле од топлинската мрежа

Претседателката на ЗЕЛС  ќе бара измени во законот за финансирање на општините наместо досегашните 4.5 проценти приходи од ДДВ и персонален данок, да земаат 50 отсто. На овој начин според Арсовска ќе се зголеми независноста на локалната самоуправа.

Од СДСМ ја обвинија Арсовска дека не предвидела средства за менаџирање со кризата.

Од Владата бараат општините да бидат одговорни и солидарно да помогнат за ублажувањее на кризата во доменот на нивната надлежност, а владата дополнително ќе излезе во пресрет со механизми за да се преброди кризата.