-->
-->
Општината со прием на првачињата од Делчево ја одбележува Светската недела на детето
-->
По повод Светската недела на детето денеска во просториите на локалната самоуправа во Делчево, беше организиран свечен прием за првачињата од делчевската деветолетка ,,Ванчо Прке”. Како што информираа од општината, првачињата ја имаа можноста да се запознаат со сите аспекти од функционирањето на општината како и нејзините надлежности.
-И оваа година првата недела од месец октомври им ја посветуваме на децата под мотото Детска недела. Во рамки на годинешното одбележување на Светската недела на детето, имавме прием на првоодделенчињата и нивните наставнички, кои запознавајки се со работата на градоначалникот Горан Трајковски, дознаа скоро се што ги интересираше во врска со функционирањето на општината, како и нејзините надлежности. Како благодарност за наученото, учениците со кратки музички точки, го претставија дел од она што го научиле од своите наставнички, во текот на воспитно-образовниот процес, истакнаа од Општина Делчево.
Свечен прием за првачињата, како што додадоа од општината, ќе биде организиран и за учениците од деветолетката ,,Св.Климент Охридски” од Делчево.
Во рамки на одбележувањето на Светската недела на детето на сите првачиња од Делчево ќе им бидат доделени детски пасоши, со што и официјално ќе пристапат во Светската детска организација.
Неделата на детето се одбележува во светски рамки, а целта е да се промовираат правата, кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба да му биде обезбедена од страна на државата и инстутициите за овозможување среќно, здраво и безгрижно детство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација