Општина Зрновци бара оператор за заловување на бездомните кучиња
Вкупно 300 илјади денари од буџетската сметка ќе потроши Општина Зрновци за заловување и третирање на бездомните кучиња. За таа цел првпат објави и јавен повик за избор на оператор кој ќе ги извршува соодветните шинтерски услуги во текот на оваа година.
-Локалната самоуправа и досега реагираше според потребите на терен, односно се спроведуваа помали акции за заловување во соработка со овластените ветеринарни установи. Распишувањето на тендерската постапка е во согласност со законските обврски што ги имаме, иако во моментот многу мал е бројот на бездомните кучиња на нашата територија, па мерката повеќе е превентивна, отколку репресивна, истакна Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.
Фирмата што ќе биде избрана како давател на шинтерските услуги има обврска да ги фати кучињата, да ги вакцинира и стерилизира, да обезбеди привремено чување во прифатилиште, а доколку е потребно можна е еутаназија. Исто така, вклучена е и обврската за микрочипување и времено маркирање, а по третирањето дел од кучињата треба да бидат вратени на местото на заловувањето.
Градоначалниците од Источниот регион пред извесен период излегоа со иницијатива за решавање на проблемот на регионално ниво, односно за изградба на соодветно прифатилиште за животните. Во меѓувреме, за само една недела во Кочани се пријавени три случаи во кои граѓани биле повредени при напад од бездомните кучиња.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов